Тежок шамар за Барселона: Понудиле 80 милиони, а стигна неочекувана одбиеница


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми јавуваат дека Барселона понудила 80 милиони евра за Паоло Дибала, но 22-годишниот Аргентинец порача дека не сака да го напушти клубот.

„Кога разговарав со Паоло и неговиот агент Пиерпаоло Триулузи, видов дека Паоло е на вистински пат, дека знае што сака и што работи. Милан и Интер го сакаа во минатата година, но го избра Јувентус и тука остана бидејќи тоа е најдобро за него.  Никој нормално не може да биде сигурен дека на долго време ќе остане во Јувентус, но работите се такви во овој момент.

Барселона понуди 80 милиони евра неодамна, но Паоло се одлучи дека сеуште мора да се етаблира како играч во клуб во кој има вистинска минутажа“, рече Густаво Маскарди, основач на познатата агенција Групо Маскарди, која се занимава со фудбалски менаџмент.

Дибала во Јуве стигна во минатата сезона, постигна 19 голови со девет асистенции, пишува Гоал.