Челси го договори Рудигер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Англија, тимот на Челси го договори своето прво засилување.

Иако се шпекулираше дека Тему Бакајоко ќе биде прв играч кој ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ сепак тоа нема да биде францускиот интернационалец.

Дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер ќе биде првото засилување за тимот на Антонио Конте откако е договорен трансфер на Германецот за сума од 33 милиони евра плус пет милиони евра во бонуси.

Рома мора да продаде играчи пред крајот на месецот за да ги исполни условите за финансискиот фер плеј, па затоа трансферот на Рудигер ќе се реализира во најбрз можен рок.

Според „Скај Италија“ медицинските прегледи ќе бидат во понеделник.