Алиоски донесе победа за Лидс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски се враќа во формата која ја имаше на почетокот на сезоната во дресот на Лидс Јунајтед.

Крилниот напаѓач на денешниот дерби дуел против Миделсбро се запиша во листата на стрелците, втор натпревар по ред откако претходното коло стрелаше во поразот на неговиот тим од Брентфорд.

Алиоски во 55. минута го совлада гостинскиот голман Рендолф постигнувајќи го вториот гол за Лидс на овој натпревар. Претходно по неговиот центаршут, Филипс со глава го пронајде Ернандез кој го отвори резултатот. На 2:1 намали Асомбалонга од пенал во 76. минута од натпреварот.

Алиоски го одигра речиси целиот натпревар за својот тим отстапувајќи му место на Пенингтон во 96 минута.