„Ако се професионаци нема да се караат за дресот на Меси на полувремето, туку на крајот од мечот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот ПСВ утре го започнува својот пат во новата сезона во Лигата на шампиони и тоа се тешко гостување во Барселона.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит во овој натпревар, но холанѓаните се надеваат дека може да направат чудо и да дојдат до победа. На кормилото на ПСВ се наоѓа некогашниот играч на Барселона,

Марк ван Бомел на денешната прес конференција изјави дека е среќен што се враќа на Камп Ноу.

Исто така Ван Бомел призна дека играчите на ПСВ веќе некое време зборуваат околу тоа кој ќе го добие дресот на Меси. Сепак, холандскиот стручњак им порача што треба да направат пред да почнат да се борат за дресот на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

,, Ако утре оствариме добар резулатат не ми е јасно дали тогаш играчите ќе се расправаат кој ќе го добие дресот на Меси. Знам дека ќе го бараат неговиот дрес, но тоа не смеат да го прават на полувремето. Почекајте да заврши натпреварот и бидете прави професионалци”- порача Ван Бомел.