Салах не се радуваше на голот на Фирмино? Погледнете подобро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ни крив ни должен се најде во центарот на вниманието после натпреварот меѓу Ливерпул и ПСЖ.

Редсите победничкиот гол го постигнаа во судиското продолжение, а за време на пренесот на натпреаврот на Анфилд се виде како Салах ,,не се радува” на голот на својот соиграч Фирмино.

Меѓутоа и снимката знае да излаже затоа што камерите не го покажале деталот кога Салах ги подигнал двете раце и се израдувал после голот на Фирмино, а фрлањето шише на земјата следеше неколку секунди подоцна.

Многумина едвај дочекаа да го нападнат Салах, но следниот пат сигурно ќе размислат два пати.