Пирло: Пјаниќ и Дибала се добри, но приоритетот е на Роналдо


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Некогашниот играч за врска во Јувентус, Андреа Пирло во интервју за Скај Спорт зборуваше за се по малку, а пред се го коментираше Јувентус и какви се шансите според него за евентуалното освојување на Лигата на шампиони.

Пирло смета дека постојат пет тимови кои ќе се борат за титула за првак во Европа, а тука не го наведе Реал Мадрид.

,,Постојат четири или пет тимови кои ќе се борат за титула во Лигата на шампиони, а овде спаѓа и Јувентус.

Покрај него тука е Ливерпул, Барселона, Манчестер Сити и Баерн Минхен”- рече Пирло кој новинарите меѓу другото го прашаа кој би требало да ги изведува слободните удари во Јувентус.

,,Роналдо, Пјаниќ или Дибала? Јуве сега има сјаен избор бидејќи сите тројца се добри изведувачи, но мислам дека за Пјаниќ и Дибала ќе биде тешко бидејќи приоритетот е ставен на Роналдо”- порача Пирло.