Шок во Баерн: Еден од најдобрите играчи на клубот во поновата историја потврди дека заминува по крајот на сезоната

Арјен Робен потврди дека ќе си замине од редовите на Баерн Минхен по крајот на оваа сезона.

Холанѓанецот беше член на Баварците во последните десет години, но самиот истакна дека е време за нов предизвик.

„Ова е моја последна година како играч на Баерн Минхен. Поминав десет прекрасни години овде, но сега е време да заминам“ –истакна Робен за „Омниспорт“.

Холандскиот фудбалер освои седум титули во Бундеслигата со Баерн Минхен, а зад своето име запиша и четири победи во германскиот куп.