Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот чешки голман, Петар Чех, денес ги разочара навивачите на Арсенал со објавата дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
Чех поголемиот дел од кариерата го мина во Челси, а своевремено беше еден од најдобрите голмани на светот. Овој 36-годишен голман летото 2015. година одлучи да ги напушти „Плавите“ откако не доби нов договор, но остана во Лондон и потпиша за Арсенал.
Чешкиот голман беше стандарден изминатите сезони на голот на „Топчиите“, но оваа сезона ја грее клупата. Неговото место го зазеде Бернд Лено и очигледно е дека Чех не е среќен поради таа одлука. Денес ја разочара фудбалската јавност откако истакна дека ова е негова последна сезона и дека летово ќе ја заврши неговата богата кариера.
„Ова е моја дваесета сезона како професионалец и минаа 20 години откако го потпишав првиот договор. Чувствувам дека е вистинско време да најавам дека ќе се пензионирам на крајот од оваа сезона. Да се игра во Премиер лигата 15 години и да се освои секој можен трофеј е нешто што не сум ни сонувал дека ќе го остварам. Ќе продолжам вредно да работам во Арсенал и се надевам дека ќе освојам уште некој трофеј оваа сезона, а потоа ќе се радувам на се што ми носи животот надвор од теренот“, порача Чех.
Голманот се наметна кај широката фудбалска маса откако го носеше дресот на Викторија Плзен, но првиот професионален договор го потпиша 1999. година со Шемел Блсаниј. Потоа бранеше за Спарта Прага од каде во 2002. година премина во редвоите на Ренаи. Летото 2004. година заминува во Челси каде бранеше цели 11 години, а потоа во 2015. година ја прави последната преселба на „Емирати“ во редовите на Арсенал.