Официјално: Македонски фудбалер потпиша за Црвена Звезда (ФОТО)

Црвена Звезда го ангажираше Страхиња Крстевски, поранешен младински репрезентативец, кој ќе остане во Белград до 2022 година.

Крстевски пристигнува во Белград од Локомотива Софија и е поранешен член на репрезетанциите до 17 и 18 години на Македонија.

Секако, Крстевски нема да биде засилување за првиот тим, туку претставува инвестиција за иднината.