Серена Вилијамс лесно до третото коло на отворениот турнир во Австралија

Американската тенисерка, Серена Вилијамс се пласираше во третото коло во Австралија Опен откако денес ја порази, Евгенија Бокард од Канада со 2:0.

Серена денес немаше претерано тешка задача против Бокард која моментално се наоѓа на 79. позиција на ВТА листата и победи по само 71 минута.

Во првиот сет од осум одиграни гемови, видени се шест брејка, а Серена направи два повеќе па славеше со 6:2. Американката во вториот период добро го оддржуваше својот сервис, а стигна да направи два брејка, па така славеше повторно со 6:2 за конечни 2:0 во сетови.

Таа во третото коло ќе игра против Дајана Јастемска која е 57. тенисерка во светот.

Инаку, до крајот на денешната програма во Мелбурн ќе биде одиграна уште една средба во женска конкуренција, а во неа ќе се сретнат Јоана Конта и Габрин Магуруза.