Винко Кандија трофејот во рацете на Вардарки - Крим падна на колена

Ракометарките на Вардар го освоија Винко Кандија купот кој што се одржа во Словенија со победата на последниот натпревар кој го одиграа денес против Крим со 25:30.

Одлично стартуваа Вардарки, со 2 погодоци во серија. Потоа следуваше серија од 3 погодоци на Вардарки и големо водство. Ракометарките на Крим успеаа до крајот на првото полувреме да намалат на 13:15. Второто полувреме ракометарките на Вардар го започнаа со серија од 3 погодоци. Крим се обидуваше да се врати во натпреварот, но не успеа. Натпреварот Вардарки го завршија со нова серија од 3 погодоци и конечни 25:30.