Навивачите едногласни: Се подготвува терен за пречек на Џеко во Тотенхем, а одлуката е…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во англиските медиуми овие денови се појавија шпекулации дека Един Џеко би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во редовите на лондонски Тотенхем.

Един Џеко е мета на шпекулации во секој преоден рок, а разлика нема ниту овојпат. Босанскиот напаѓач пред една година бече на чекор од преселба во Челси, но потоа во последен момент одлучи да остане во Рома. Сепак, враќањето во Премиер лигата повторно е опција за Џеко бидејќи интерес за него покажа Тотенхем.

Овие денови англиските медиуми зборуваат за можно враќање на Џеко на Островот, а во Тотенхем не кријат дека има интерес за него. Тие сакаат да го донесат искусниот напаѓач кој ќе биде замена за повредениот Хари Кејн бидејќи се свесни дека Фернандо Лоренте не може се да понесе на својот грб.

Лјоренте најверојатно ќе го напушти Тотенхем до кајот на јануари, а првата желба на клубот од Лондон е Џеко. Но, проблемот за нив е фактот дека босанскиот напаѓач не сака така лесно да го напушти Рим каде се вклопи во животот со своето семејство. Сепак, навивачите на Тотенхем сакаат клубот да направи што е можно за да го донесе некогашниот напаѓач на Манчестер Сити.

На Твитер навивачите на Тотенхем се активни што се однесува на оваа тема и сите се согласни дека Џеко би бил огромно засилување за нивниот тим во вториот дел од сезоната. Тотенхем некое време ќе биде без Кејн и Сон и веруваат дека Џеко со своето пристигнување би ја пополнил големата празнина.

„Би сакал да го видам во дресот на Спарси. Се надевам дека барем ова е вистина“, се само дел од коментарите на навивачите на Тотенхем.

Откако закрепна од повредата, Џеко конечно се врати во стартната постава на римскиот клуб, а дури ја доби и капитенската лента на вчерашниот дуел. Сепак, Џеко не успеа да се запише во листата стрелци, но сигурно е дека за него најважно е Рома да освои три бода.

Веднаш по мечот, Џеко се упати кон римскиот аеродром, и отпатува во родното Сараево. Џеко на социјалните мрежи и објави дел од дружењето со своите пријатели.