Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Еден Азар не им разјасни на британските медиуми за иднината, иако не ја отфрли можноста да премине во Реал Мадрид.
„Зошто да не?“, беше одговорот на Азар на прашањето дали постои можност за преминување од англискиот во шпанскиот клуб.
Не потврди веднаш запрашан дали летово сакал да го напушти Челси.
„Вие тоа добро го знаете. Прашувате иако го знаете одоговорот. така што не е е потребно да го поставувате“, истакна Азар пред новинарите.
Потоа изјави дека сака да замине по СП, но дека не се кае бидејќи „ја игра една од најдобрите сезони во кариерата“.
Наведе дека во Анлија освоил се освен Комјунити Шилд, но дека тоа не значи дека ќе замине.
„Секогаш сум зборувал дека сакам да искусам нешто друго освен Англија, но има работи кои можат да ме натераат да останам“, истакна белгискиот фудбалер.
Еден Азар има 28 години, а во Челси е од 2012. година кога дојде од француски Лил во кој почна професионална кариера.
Вкупно одигра 328 натпревари за Челси и постигна 101 погодок. Оваа сезона постигна 12 погодоци на 28 натпревари.