ПСЖ лесно до сомина финале, Нејмар во солзи го напушти теренот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ синоќа релативно лесно се пласираа во осмина финалето во Купот на Франција.

Тие го совладаа тимот на Стразбур со 2-0 на домашен терен, а мечот нажалост го обележа повредата на Нејмар.

Ѕвездата на Парижаните го напушти теренот во 62. минута, откако го повреди зглобот на десната нога, бидејќи незгодно стапна на неа, но навивачите се повеќе загрижени затоа што тој теренот го напушти во солзи.

Веројатно вечерва или најдоцна утре ќе се знааат повеќе информации за сериозноста на повредата, но јасно е дека за ПСЖ би било голем хендикеп, доколку тој отсуствува подолго време, бидејќи следи средбата во осминаа финалето од ЛШ против Манчестер Јунајтед.

Инаку, стрелци на синоќешниот натпревар беа Едисон Кавани и Анхел Ди Мариа.