Ѓоковиќ му одржа лекција на Лукас Пуј, во финалето спектакл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот теисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на Австралија Опен откако во денешното полуфинале си поигра со Французинот Лукас Пуј и го победи со 3:0.

Новак беше огромен фаворит против Французинот за кои многумина се изненадија што стигна до оваа фаза.

Ѓоковиќ на самиот почеток на мечот му покажа на Пуј дека против него нема што да бара па првиот сет и го доби со 0.

Во продолжението Французинот не успеа да се прибере на теренот па наредните два сета Ѓоковиќ ги доби без никаков проблем со 6:2 се пласира во големото финале.

Тој во финалето ќе игра во недела против шпанецот Рафаел Надал што на многумина им буди спомени од финалето 2012 година кога тие двајца одиграа еден од најдобрите натпревари.

Без оглед што денес Пуј не одигра добар меч сепак треба да му се даде призание за она што го постигна на турнирот.

За љубителите на тенисот ова е секако најдоброто можно финале со оглед на тоа што Ѓоковиќ и Надал до сега покажаа најмногу на терените во Мелбурн.