Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан се уште не завршил со купувања во зимскиот преоден рок.
По пристигнувањето на Лукас Пакете кое е завршено уште од претходно, пристигна и Криштоф Пјонтек во трансферот вреден 35 милиони евра.
Сега „Росонерите“ се насочија кон Јаник Фереира Караско, но тоа нема да биде така лесно бидејќи Белгиецот бара речиси 10 милиони годишно, колку што примаше и Гонзало Игуаин кој го напушти „Сан Сиро“.
Вистинското прашање е дали во клубот се расположени да му ги исполнат финансиските барања кои за нивните финансии сепак се големи, а и не се единствени кои би сакале да го видат во своите редови.
Време има се помалку, Леонардо и Малдини мораат да пресечат поскоро.