„Валенсија е најдобар бек на светот“


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Андер Ерера смета дека неговиот соиграч Антонио Валенсија е најдобар бек на светот.

Валенсија поголем дел од кариерата играше како крилен играч, но со доаѓањето во Манчестер Јунајтед се пресели на позиција десен бек.

Таму добро се снајде, а соиграчот од Јунајтед Андер Ерера смета дека 31-годишниот фудбалер е меѓу најдобрите бекови на светот.

„Го знам добро и ми се допаѓа начинот на кој игра. Го сметам за еден од најдобрите бекови на светот. Знам дека не игра на својата позиција, но и покрај тоа со Даниел Алвеш е најдобар на светот“, смета Ерера.

Валенсија е член на Јунајтед од 2009 година, а на Олд Трафорд стигна од Виган.