Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Македонскиот шампион Шкендија денеска потврди дека се засилила со уште еден фудбалер на Вардар, а станува збор за 18-годишниот Јакуп Бериша.
Бериша е фудбалер од средниот ред, кој се очекува да биде големо засилување во иднина за тетовци.
Шкендија потврди дека во клубот, освен Бериша, пристигнале и Берат Беќири и Зија Мерџани.
Беќири во минатото настапуваше во Данска, а со тетовскиот тим потпиша по успешно завршената проба.
Додека Мерџани е фудбалер од школата на Шкендија, но во претходните години настапуваше на позајмица во Струга Трим Лум и Гостивар.