Баерн ќе почека шест месеци за Хернандез и ќе заштеди огромна сума на пари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен се обидуваше во јануарскиот преоден рок да го ангажира дефанзивецот од Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез.

Одличниот французин со задоволство би го облекол дресот на баварскиот великан, но и покрај бројните преговори, договор за трансфер оваа зима не е постигнат.

Сепак, Хернандез на пат кон Алианц Арената ќе тргне веќе наредното лето, а баварците за неговите услуги на мадридскиот тим ќе му исплатат 80 милиони евра колку што чини оштетната клаузула во договорот на овој фудбалер.

Тоа што ќе почека до летото како би го завршил овој трансфер за 23 годишниот фудбалер, за Баерн значи многу бидејќи ќе заштедат 16 милиони евра кои би требало да ги платат доколку трансферот беше направен сега.

Кога дознаа за дополнителните такси во јануарскиот трансфер, Баерн отстапи од работата во јануари.
Инаку баварскиот великан најави дека ќе потроши многу пари за летниот преоден рок. Наводно буџетот за трансферите е поголем од 200 милиони евра па би можеле да видиме неколку познати имиња во овој клуб.

Покрај Хернандез тука дефинитивно ќе биде уште еден французин. Се работи за фудалерот на Штутгард, Бенџамин Павард, кој веќе се договори до баварците и на лето ќе го облече нивниот дрес.

Германците за овој трансфер ќе искешираат 35 милиони евра ,па така Баерн веќе резвирал 115 милиони евра за двајца дефанзивци на почетокот на летниот преоден рок.