Манчестер Јунајтед отвора преговори за нов договор со миленикот на фановите

„Скај Спортс“ пренесува дека од Манчестер Јунајтед отвориле преговори со Маркус Рашфорд за продолжување на соработката со клубот.

21 годишниот фудбалер блеска под водстов на Оле Гунар Солскјер, а во саботата го постигна и својот десетти погодок оваа сезона во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Рашфорд истекува во 2020 година, а со новиот со кој ќе заработува по 150.000 евра неделна плата ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2024 година.