„Л`Екип“: Меси заработува речиси двојно повеќе од Роналдо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Француски „Л`Екип“ објави годишен извештај за приходи на фудбалерите, а меѓу 10-те најплатени се фудбалери од Премиерлигата, Ла Лига, Серија А и Лига 1, додека нема ниту еден од Бундеслигата.

На врвот е Лионел Меси со неверојатни 8,3  милиони евра месечно, а следуваат Кристијано Роналдо и Ентоан Гризман. Португалецот во Јувентус добива 4,7 милиони, речиси двојно помалку од Меси. Додека Французинот добива 3,3 милиони евра во Атлетико Мадрид.

На четврто место е Нејмар, кој добива 3,06 милиони евра во ПСЖ, додека Луис Суарез во Барселона добива 2,9 милиони евра.

Следуваат Герет Бејл од Реал Мадрид за 2,5 милиони, Филип Кутињо со 2,3, па Алексис Санчез со 2,28 милиони. Килијан Мбапе има 1,73 милиони и Месут Озил добива 1,6 милиони евра.

Најплатен фудбалер во Бундеслигата е напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски со 1,33 милиони евра.