ПСЖ му понудил на Френки де Јонг бланко чек


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На играчот за врска на Ајакс, Френки де Јонг наводно му бил понуден бланко чек од страна на ПСЖ со цел да ги избере нив пред Барселона.

Дваесетгодишниот Де Јонг е еден од најголемите таленти во овој момент, а голем број на клубови беа во трка за неговиот потпис.

Во еден момент се чинело дека Де Јонг бил близу до потпис со ПСЖ, но во борбата за неговиот потпис победи Барса. Тој потпиша 5 годишен договор со каталонскиот клуб.

Како што пренесува Мундо Депортиво, ПСЖ му понудил да каже колкава плата сака, но тој ги одбил и одлучил да и се продружи на Барса.

Неговиот настап против Реал Мадрид во ЛШ е сеуште под знак прашалник поради повреда, но се очекува да заигра.