Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед вчера соопшти тажни информации за својот млад фудбалер, Макс Тејлор кому му е дијагностициран рак.
„Црвените ѓаволи“ потврдија за англиските медиуми дека овој 19-годишен дефанзивец дознал пред неколку дена дека има рак, па таа вест ги потресе сите навивачи од „Олд Трафорд“. Се уште не е познато во која фаза е оваа болест, но Тејлор веднаш прифатил да оди на лекување.
Овој млад фудбалер не се поколеба, и веќе вчера ја имаше првата хемотерапија, и сигурно на крајот по се ќе излезе како победник. Тој со Јунајтед изминатата година потпиша прв професионален договор, но некое време сега ќе биде надвор од сите активности.
„Благодарност до сите во клубот кои ми помагаат уште од првиот ден кога дознав дека имам рак. Лекарите се грижат за мене најдобро што можат и навистина се ми е овозможено. Не можам ниту да опишам со зборови колку ми значи поддршката од моето семејство. Нема откажување и ќе биде посилни по се“, изјави Тејлор.
Исто така, соопштено е дека овој млад фудбалер собира пари за своето лекување, и дека Јунајтед ќе ги покрие поголемиот дел од трошоците. Меѓутоа, се уште му се потребни 60.000 фунти за да биде сигурен шти се однесува до финансиите за лекувањето.
U-23 defender Max Taylor who was recently diagnosed with cancer has successfully responded to chemotherapy. We wish him a speedy recovery. #mufc pic.twitter.com/LlU7q5G1WO
— Man United NM (@ManUtd_NM) February 16, 2019