Анчелоти откри што ќе се случува со Давид Оспина

Давид Оспина ќе стане играч на Наполи на перманентна основа откако неговиот договор за позајмица ќе истече.

Искусниот чувар на мрежата минатото лето дојде на едногодишна позајмица од Арсенал, а сега паднал договор и дефинитивно да се пресели во Неапол на перманентна основа.

„Оспина ќе остане во Наполи следната сезона со оглед на тоа што одигра многу натпревари“- истакна Анечлоти по натпреварот со Торино во кој Наполи не успеа да слави и одигра само реми (0:0).