Наполи ја засилува средината, талентираниот фудбалер на прегледи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Де Лаурентис продолжува да троши пари од продажбата на Игуаин, овој пат мисли и на иднината.

Ново засилување на клубот од Сан Паоло е довчерашниот дефанзивен играч за врска на Болоња Амаду Дијавара.

Влијателниот италијански новинар Џанлука Ди Марзио објави фотографија накоја се гледа дека младиот фудбалер е на прегледи во Кастел Волтурно.

Дијавара одигра одлична мината сезона во Серија А, а дресот на Болоња го облече во 34 наврати.

Има само 19 години, а кариерата ја почна во фудбалкиот клуб Сан Марино, кој настапува во трет по ранг натпреварување во Италија.

За него голем интерес покажаа и Астон Вила и Рома, а сега практично е се готово, младиот фудбалер е на лекарски прегледи и пред потпис на договор со Наполи.

Болоња на име оштета ќе добие 15 милиони евра.

Вицешампионот на Италија така го доведе и третото засилување од продажбата на Гонзало Игуан, а пред Диавара под Везув стигнаа Аркадиуш Милик (Ајакс) и Пјотр Зјелински (Удинезе).

Се очечекува до крајот на преодниот рок екипата која од клупата ја предводи Маурицио Сари да ангажира уште еден дефанзивец, а не мета на клубот се Никола Максимовиќ (Торино) и Елакијум Мангала (Манчестер Сити).