Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Италијанец потполно падна во сенка по новото полско засилување.
Милан не загуби меч во Серија А веќе осум кола, во последните три меча „Росонерите“ беа максимално предводени од новиот херој на „Сан Сиро“, Криштоф Пјатек.
Полјакот игра одлично од пристигнувањето од Џенова и веќе забележа 5 погодоци во Серија А за новиот тим.
Ова секако не му помага на Кутроне, младиот фудбалер добива се помалку шанси во првиот тим на „Росонерите“ и неговиот агент не е сигурен колку неговиот клиент ќе ја трпи ваквата ситуација.
„Не знам дали Кутроне ќе остане во Милан, ќе видиме. Логично е ако не добива време на теренот да тргнеме со размислување за најдобро решение, и за него и за Милан. Ќе се занимаваме со тоа претстојното лето“, изјави Донато Оргнјони за Радио Марте.
20-годишниот Кутроне последен пат беше стрелец во Купот на Италија против Сампдорија пред еден месец и половина, па останува да се види дали ќе добие шанса во истото натпревасрување против Лацио во Рим.