Закажан е „Мамба ден„

Легендарниот Брајант, познато како црната мамба, на крајот на минатата сезона го најави својот крај на играњето актуелна кошарка.

Градската општина смисли како да му се заблагодари на Брајант, а 24.08 ќе биде денот на Коби.

„Ова е начин како градот, фановите и сите други да му се заблагодарат на Брајант. Коби направи многу како за САД така и за Лејкерси, на 24.08 ќе се собереме да му се заблагодариме“ – изјавија од општината.

Брајант одигра 18 ол-стар натпревари и освои пет титули. Има постигнато 33.643 поени и е трет на листата на стрелци.