Играч на Тотенхем откри дали Бејл ќе се врати во клубот од Лондон

Герет Бејл тешко дека би се вратил во редовите на Тотенхем по неуспешната авантура во Реал Мадрид.

Тоа го тврди играчот на „Петлите“ и соиграч на Бејл од репрезентацијата на Велс, Бен Дејвис. Дејвис истакна дека не верува дека брзоногиот фудбалер ќе се врати на „Вајт Харт Лејн“.

„Мислам дека тоа не е возможно. Кога играме со него во репрезентацијата тој е лидер, играч кој претставува пример и со кого а задоволство да се игра. Сепак, мислам дека нема да дојде во Тотенхем“ –заклучи Дејвис.