Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во средата навечер поранешниот клуб на Ерик Кантона, Манчестер Јунајтед славеше со 3-1 против ПСЖ и на изненадување на сите после 0-2 од првиот натпревар, Црвените Ѓаволи успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на ЛШ.
А на трибините на култниот стадион во Париз беа многу познати личности, помеѓу кои и Кантона, кој дојде да го бодри својот некогашен тим, а во еден момент дојде и до „конфликт“ со таткото на Нејмар.
Се слушнаа и пцовки и разни прозивки. Нејмар сениор сакал и физички да се пресмета со Кантона, но за среќа обезбедувањето било близу и не дозволило тепачка на стадионот.
Ерик Кантона подоцна со Фергусон и Солскер славеа голема победа на Јунајтед.