Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако популарната емисија „Чирингито“ тврдеше дека Зидан размислува за пивикот на Перез на лето повторно да ја преземе екипата, најбараниот и доста веродостоен шпански весник „Ел Паис“, вели дека од тоа нема ништо.
Всушност, весникот тврди дека Реал не го повикал Зидан бидејќи неговите односи со Перез и директорот Санчез се затегнати по заминувањето од клубот и бидејќи проструи дека го напуштил Реал токму против лошите проценки и уцените на Флорентино Перез.
Имено, Зидан не се сложи ниту со купувањето на нов голман, ниту со продавањето на Роналдо, сакаше да се ослободи од Бејл. Тој му кажал на Перез дека во спротивно Реал нема што да бара оваа сезона, па тоа се покажа како пророштво.
Од друга страна, Перез е многу позагреан за Мурињо иако е соблекувалната против, па сега се поставува прашањето што ќе прави.
Ел Паис додава дека Зидан ја чека одлуката на Јувентус околу Алегри и дека е подготвен да ја прифати понудата од бившиот клуб и да седне на клупата на „Бјанконерите“. Тој како што се наведува веќе ги договорил условите и договорот до 2022. година со претседателот на Јувентус.