Перез: Најдобриот тренер се врати кај нас! Му благодарам за човечноста!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Зинедин Зидан денеска беше промовиран за нов тренер на Реал Мадрид, откако Сантијаго Солари го напушти клубот поради лошите резултати откако стигна на тренерската клупа.

„Кралевите“ имаат очајна сезона во која ја загубија битката за сите трофеи, па логичен беше потегот на претседателот Флорентино Перез, кој реши да го врати поранешниот стретег.

„Разговарав со Зидан пред пет дена, неговото враќање е успех за нас. Тој одлично го водеше нашиот тим, а сега повторно се врати таму каде што припаѓа. Ова е голем ден за Реал. Најдобриот тренер се враќа кај нас. Му благодарам многу за човечноста“, вели Перез.

Зидан ќе се обиде да ја заврши сезоната колку што може подобро, па во наредната сигурно ќе има за цел да освои неколку трофеи.