Каталонците ги објавија последните ангажмани: Барселона подготвена да го пречека стоперот вреден 70 милиони...

Екипата на Барселона веќе ја заврши работата околу доведување на фудбалерот на Ајакс, Френки Де Јонг, младиот играч за врска ќе ја чини Барселона од 75-86 милиони евра, во зависност од бонусот.

Сепак, тоа не е се од нивното купување во Ајакс.

Се споменуваше Матијас Де Лихт, младиот и суперталентиран стопер на овој тим, а Барселона имаше жестока конкуренција од ПСЖ кој исто така го сакаше овој Холанѓанец.

Сепак, „Радио Каталунија“ пренесува ексклузивна вест дека Де Лихт ќе потпише за Барселона и дека ќе чини околу 70 милиони евра.

Капитенот на Ајакс покрај Барселона и ПСЖ беше на мета и на Манчестер Сити, Баерн и Атлетико Мадрид.

Иако има само 19 години, досега забележа 102 официјални натпревари за Ајакс, додаде и 13 натпревари за националниот тим.