Мане во спектакуларно најавен трансфер ќе се збогува со „Енфилд“ … ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден Азар требаше да биде првото засилување на Реал Мадрид во летниот преоден рок, но не и единствено.

Според наведувањата на шпанските медиуми, белгискиот фудбалер во разговор со Зидан прифати од летото да го облече дресот на „Кралевите“ и ќе претставува сигурно големо засилување.

Меѓутоа, фантастичниот Белгиец не е единствен фудбалер од Премиер лигата кого Зидан го сака во Реал. На листата потенцијални засилувања е и ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.

Фантастичниот Сенегалец и оваа сезона навистина е фантастичен во дресот на „Црвените“. Често ги одлучува натпреварите и еден е од фудбалерите кои Зидан со задоволство би сакал да ги види во својот тим.

Сепак, цената која тимот од „Енфилд“ ја постави за 26-годишниот офанзивец е голема. Бараат дури 130 милиони евра, но по се што доживеа, тешко е да се поверува дека претседателот Флорентино Перез ќе штеди на засилувања.

Мане е добар фудбалер. Ја игра својата трета сезона на „Енфилд“, а во досегашните 109 одиграни натпревари постигна 50 погодоци.

Порано играше уште за Саутемптон, Салзбург и Мец.