Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид се соочи со очајни резултати сезонава, па речиси ги загуби сите фронтови на кои можеше да освои трофеј, но Шпанците се надеваат дека враќањето на Зинедин Зидан би можел да им донесе барем една титула сезонава.
Зидан го напушти Мадрид на крајот на минатата сезона, иако имаше освоено три трофеи по ред во Лигата на шампиони, па потоа почна падот на „кралевите“, откако Хулен Лопетеги разочара, а ниту Сантијаго Солари не донесе подобри резултати.
Сепак, Французинот се врати на тренерската клупа и сега сите се надеваат дека ќе се случи некаков пресврт и ќе почнат „кралевите“ да играат многу подобро под негово водство.
Во моментов трката за титулата во шпанската Ла Лига изгледа невозможно, зашто Каталонците имаат 12 бодови повеќе од Реал, но Зидан има слично искуство во шпанскиот шампионат.
Слична ситуација се случи кога Зидан првпат стигна на клупата на „кралевите“ на местото на Рафаел Бенитез, зашто Барселона тогаш имаше 12 бодови повеќе.
Реал до крајот стигна на само еден бод негатива, а победникот во шампионатот беше решен во последното коло, кога Барселона славеше на гости против Атлетико и ја освои титулата.
Тогаш Зидан малку порано го презема „кралскиот тим“, но навивачите на Реал веруваат дека може да ги врати во самиот врв, односно да се приближи до Барселона, а до крајот на Ла Лига има уште многу, па ќе биде интересно да се види дали „кралевите“ имаат сила да ги стигнат Барселона и Атлетико Мадрид.
Во прилог на Реал му оди и тоа што Барселона се бори уште на два фронта, додека „кралевите“ ќе настапуваат само во шпанскиот шампионат до крајот на сезоната.