„Балотели не го сакаме, а за Џеко подоцна ќе размислиме“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последно вееме странските медиуми се почесто пишуваат за интересот на Бешикташ за Един Џеко.

Иако Џеко за една сезона не ги оправда очекувањата и вложените пари на Рома, за неговите услуги на пазарот не недостасува интерес и меѓу клубовите кои сакаат да го видат во своите редови се наоѓа и турски Бешикташ.

Раководството на Бешикташ во минатите денови изврши преговори со Џеко, но конкретен потег по прашањето за евентуален трансфер ќе зависи исклучиво од судбината на напаѓачот Гомез.

„Бешикташ се поврзува со името на Балотели, но во таа приказна нема ништо. Наш приоритет е да остане Гомез. Џеко? За него ќе размислуваме кога ќе знаеме што Гомез одлучи“, изјави Ердал Торуногулари од управата на Бешикташ.