Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Долго време се споменува дека Реал Мадрид и Јувентус на лето ќе направат замена со фудбалерите, код кои би требало да профитираат двата европски гиганти. Како главни актери на размената се споменуваат Миралем Пјаниќ и Тони Крос.
Мотив за размената би можела да биде и желбата на Крос да замине од Мадрид, како и интересот на Реал за босанскиот репрезентативец.
Пјаниќ во Јувентус годишно заработува 6,5 милиони евра, а Крос во Реал речиси двојно повеќе, па тоа е главната причина зошто преговорите не се почнати во моментов.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе почна да прави економски и технички проценки за оваа размена, па наскоро би можеле да очекуваме старт на преговорите меѓу двата европски гиганти.