Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Мајами од Реберт Баутиста со 2:1 во сетови, а тенискиот експерт Војчек Фибек смета дека причина за елиминацијата лежи во семејните проблеми.
„Се зависи од вашиот ум. Проблемите на Новак не се исклучиво поврзани со спортските причини, туку и семејните проблеми. Така сметаат неколку луѓе од неговото опкружување. Сите заедно сметаат дека Новак тоа толку го вознемирува што не може да се натпреварува на исто ниво како и порано“, истакна Фибек.
Ѓоковиќ одигра фантастичен прв сет против Шпанецот, но во вториот следеше пад во играта, па не можеше Србинот да се врати ниту во клучниот дел од мечот. Елиминацијата од Мајами доаѓа по лошите изданија во Индијан Велс, но овие резултати засега не го загрозуваат првото место на Новак на АТП листата.