Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се ближи моментот кога Тотенхем ќе мора да го прекине „постот“ кога купувањата на засилувања се во прашање.
Во Лондон никој не пристигна ниту изминатото лето, а ниту во текот на зимскиот преоден рок, а тоа би можело да значи дека Спарси ќе тргнат во акција ова лето.
Според пишувањата на италијанските медиуми, „Петлите“ се заинтересирани за доведувањето на Амадуа Дијавара.
Членот на Наполи не се наигра на Сан Паоло во жестока конкуренција на Алан, Пјотр Зјелински и Руиз, а Маурисио Покетино очигледно го гледа квалитетот кој е потребен за игра во Премиер лигата.
Играчот за врска во 2016. година пристигна од Болоња за 15 милиони евра, оваа сезона одигра 13 натпревари за екипата на Карло Анчелоти, но тоа нема да значи дека Аурелио Де Лаурентис ќе го пушти за помала сума.