Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Фиго во 2000 година ја шокираше светската јавност и навивачите на Барселона, откако реши да се пресели во Реал Мадрид, па фановите бесни го пречекаа на „Камп ноу“ и го гаѓаа со еден куп предмети, меѓу кои беа нож, шишиња, мобилни телефони, топчиња за голф, лименки, парички и свинска глава.
Фиго беше омилен во дресот на Каталонците, но тогаш се случи нешто што никој не го очекуваше. На адресата на Барселона пристигна понуда од 62 милиони евра од страна на Реал Мадрид, која беше прифатена, а Фиго без многу размислување го облече „кралскиот дрес“.
Речиси 20 години подоцна, Фиго во интервју за „Марка“ објасни зошто решил да се пресели од Барселона во Реал Мадрид.
„Секогаш сакав да бидам најдобар во кариерата. Па, поради тоа од Спортинг Лисабон се преселив во Барселона. Таму бев пет години, ги освоив сите трофеи освен еден, па почуствував дека ја имам достигнато границата. Затоа беше време да преминам на повисоко ниво. Исто така во Реал добив подобрување на финансиски план, добив поголем престиж и имиџ“, вели Фиго.
Фиго и во Мадрид помина пет години, па го освои трофејот кој му недостигаше во Барселона, а тоа беше Лигата на шампиони, а никој не може да разбере зошто чекаше толку многу за да ја отвори душата.