Барселона купува играч на Баерн Минхен


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од таборот на Барселона ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат фудбалерот на Баерн Минхен, Џошиа Кимих.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Каталонците го пикирале Кимих затоа што е играч кој може да покрие на неколку позиции на теренот.

24 годишниот фудбалер оваа сезона е редовен во дресот на Баерн Минхен и на вкупно 32 натпревари во дресот со баварскиот грб постигна два погодоци на кои придодаде дури 13 асистенции.

Весникот пишува дека Баерн Минхен ќе стори се за да го блокира неговиот трансфер во редовите на Барселона.