„Сине, не сум те видел седум години, те чекам да ги прославиме головите за Италија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таткото на Мојс Кин повторно имаше интервју со италијанските медиуми и тоа откако неговиот син се огласи преку Инстаграм и порача дека за неговиот успех е заслужна само мајка му.

Тоа очигледно го навреди таткото Жан, кој во разговори за „Радио24“ раскажа некои детали кои досега не беа познати.

„Прочитав што напиша, но не можам да верувам дека тоа го направи мојот син. Тоа не е лесно да се објасни, но постои некој зад него. Мојот син такво нешто не би рекол, тој е многу мирен, го знам многу добро. Постои некој кој му влегол во главата. Јас го водев на тренинзи во Торино. Жал ми е што работите се развија во друг правец. Не сум те видел седум години. Се случи семејна катастрофа, но тие работи се приватни. Знам дека го сакам и ме сака“, објаснува таткото.

Потоа се наврати на добро познатата приказна за тракторите кои му ги должи италијанскиот шампион Јувентус.

„Тој не ја знае приказната за тракторите. Неговата мајка сакаше да го однесе во Англија. Од Јувентус ме повикаа за да бидат сигурни дека ќе остане. Ги прашав што ќе ми дадат за возврат, доколку остане Кин. Тие ми рекоа да потпишам и ќе ми дадат што ќе посакам. Јас тогаш сакав да бидам агроном и подготвував проект, а ми требаше трактор за работа“, вели Жан.

Жан на крајот му испрати порака на синот.

„Сине мој, знаеш дека те сакам и ми недостигаш. Ќе те чекам дома за да ги прославиме двата гола за италијанската репрезентација“, порача таткото.