Неочекуван пресврт: Мурињо се сели во бивш освојувач на ЛШ!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо би можел на лето да го замени Хрватот Нико Ковач на тренерското место во Баерн Минхен.

Германските медиуми пишуваат дека управата на Баерн ја разгледува опцијата за ангажирање на Мурињо, кој е слободен од минатиот декември, откако доби отказ од Манчестер јунајтед.

Трофејниот тренер во последните три месеци одби неколку понуди, како што беше таа од Бенфика, а се поврзуваше и со Интер и Реал Мадрид, но тие места беа пополнети со Лучано Спалети и Зинедин Зидан, па сигурно не би имал ништо против да ја прифати понудата на баварскиот гигант.

Тука е и предизвикот да стане шампион и во петта држава, откако титули освојуваше во Португалија со Порто, во Англија со Челси, во Италија со Интер и во Шпанија со Реал.

Покрај тоа, Баерн од наредната сезона почнува моќен проект со вложувања и затоа веќе се договорени трансферите на Бенџамин Павар од Штутгарт за 35 милиони и Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за дури 80 милиони евра.