По ноќната мора во Монако: На масата на Анри стигнува уште еден речси познат предизвик…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Легендата на Арсенал, Тиери Анри немаше премногу успеси во својот прв самостоен проект како тренер на Монако.

Заработи отказ по само три месеци, но денес се појави информација дека добил нова понуда за соработка.

Како што се наведува, селекторот на Белгија, Роберто Мартинез му понудил на Анри да се врати на позицијата помошник во репрезентацијата на Белгија.

Тоа е функција која Французинот ја извршуваше пред да добие шанса самостојно да го предводи Монако. Тој имаше фантастичен однос со играчите на Белгија, и Мартинез сака да го врати во стручниот штаб.

Сепак, Анри се уште не донел одлука. Како што се наведува најголемиот проблем претставува неговата несигурност бидејќи не знае дали ќе започне нов самостоен проект или ќе работи во стручниот штаб на репрезентацијата.