Ракитиќ видно изреволтиран: Ако е така како што велите, тогаш имам поинаков начин за комуникација со управата на Барселона…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ би можел оваа сезона да го промени својот клуб бидејќи се повеќе се зборува за неговото заминување од Барселона.

Ракитиќ веќе неколку сезони е еден од важните играчи во екипата на Ернесто Валверде, но се повеќе се шпекулира за тоа дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона откако Каталонците го купија Френки Де Јонг.

Валверде неколкупати изјави дека не сака да го пушти Ракитиќ, но очигледно дека челниците на Барселона одлучиле поинаку. Во медиумите се појави и информација дека за него е одредена цената и дека ќе го пуштат доколку за Ракитиќ некој плати 50 милиони евра.

Шпанските медиуми објавија денес дека Ракитиќ по мечот со Еспањол изјави дека сигурно ќе зборува со клубот доколку е точно дека сакаат да го продадат на крајот на сезоната.

„Сакам да уживам на теренот и тоа е се. Драго ми е што за добрата игра добив честитки од соиграчите. Не знам што одлучил клубот. Ако не се задоволни со моите игри тогаш ќе разговараме и тоа на поинаков начин. Кажав дека сакам да останам во Барселона што подолго, но ќе видиме што ќе биде на крајот“, истакна Ракитиќ.