Што се случува во Торино? Алегри зборува едно, а Роналдо сосема друго!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не играше минатиот викенд за Јувентус против Емполи во мечот од Серија А, зашто се повреди на мечот меѓу Португалија и Србија и ќе паузира две недели.

Роналдо е сигурен дека ќе биде подготвен за четвртфиналето во Лига на шампиони против Ајакс, додека во Јувентус не се премногу оптимисти.

Тренерот на клубот, Масимилијано Алегри кажа дека воопшто не е сигурен дали Роналдо ќе игра против Ајакс во првиот меч, односно не сака да ризикува повреда.

Меѓутоа, Роналдо не ги слуша што му зборуваат и продолжува во силно темпо да ја одработува својата терапија. Тој порача дека сигурно ќе биде подготвен за првиот меч против Ајакс.

Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо очигледно решил да игра, па никој нема да го смени неговото мислење. Португалецот сака да го предводи Јувентус до титулата во Лигата на шампиони, која клубот веќе долго ја чека и секој меч е важен.