Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона освои три бода во каталонското дерби против Еспањол, откако славеше со 2-0, а нивни херој во мечот беше Лионел Меси, кој постигна два гола. Сепак, во центар на внимание беше Адриен Педроза, фудбалерот на Еспањол.
Педроза доби страшни навреди од навивачите на Еспањол, зашто го смени дресот со Меси, а тоа го сметаат за предавство во неговиот клуб. Но, хулиганите решија да испратат и закани по неговиот живот.
Шпанците објавија денеска дека Педроза вчера завршил во полиција за да ги пријави заканите кои пристигнале на негова адреса и тоа само зашто го земал дресот на Меси.
Овој 20-годишен фудбалер е во голем шок, зашто не очекувал ваква реакција од навивачите на Еспањол. Сепак, има и такви кои застанаа во негова одбрана, зашто велат дека добро го чувал Меси.
Messi swapping shirts with Espanyol player Adrián Pedrosa after Saturday’s game #fcblive [bein sports] pic.twitter.com/Cp5U8l57hY
— FC Barcelona Fl ? (@FCBarcelonaFl) March 31, 2019