Барселона го продава најкапиот фудбалер во историјата: Два клуба стојат во ред за неговиот потпис…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како што пренесува каталонски Спорт, Барселона има намера ова лето да го продаде најскапо платениот играч во својата историја.

Секако, станува збор за Фелипе Кутињо кој на „Камп Ноу“ пристигна изминатиот јануари за 160 милиони евра, но засега не ја оправда довебата на управата и тренерот.

Сепак, во Барселона одлучија малку да почекаат за да се адаптира, но од тоа очигледно нема ништо.

Токму поради тоа, Барселона одлучи да го стави на Трансфермаркет, а за својот играч за врска ќе бара 130 милони евра. Споменатиот извор пренесува дека засега само два клуба се во игра и тоа Челси и ПСЖ.

Инаку, Кутињо оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари и постигна девет погодоци и додаде пет асистенции.

Кутињо пред неколку дена беше во центарот на вниманието на шпанските медиуми и тоа по една занимливост.

Имено, сопругата на овој фудбалер вчера го прослави 26. роденден, а на прославата беа повикани пријатели и членови на семејството. Но, многумина забележаа дека тука беше и еден фудбалер на Барселона.

Се работи за Малком кој очигледно е добар пријател со Кутињо, а факт е дека од екипата на Барселона повеќе никој не беше повикан, што доволно зборува. Исто така, и Малком на лето би можел да ја напушти Барселона бидејќи изјави дека е незадоволен со минутажата која ја има.