ПСЖ застана во ред за еден од најбараните фудбалери: Парижаните го вреднуваат Јовиќ 60 милиони …?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ како што се наведува ги започна разговорите со Ајнтрахт во врска со трансферот на српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ.

Како што пренесуваат медиумите, екипата од Франкфурт за преминувањето на Јовиќ би можела да добие 60 милиони евра.

Како што се наведува, интересот на францускиот клуб допринел за тоа Барселона да се откаже од желбата во своите редови да донесе сензација од овогодинешната Бундеслига.

Јовиќ во оваа сезона одигра вкупно 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 23 погодоци и забележа 7 асистенции.