Манчестер Јунајтед загуби од Вулверхемптон и се оддалечи од четвртата позиција (Видео)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз на гостувањето на „Мулину“ кај Вулверхемптон.

Избраниците на Нуно Еспирито Санто со 2:1 ги совладаа „ѓаволите“ и со тоа значително им го отежнаа патот кон четвртата позиција на табелата.

Се започна добро за Манчестер Јунајтед затоа што први поведоа на средбата со голот на Скот Мектомини. Сепак, набрзо изедначи Диого Жота, па со тој резултат се замина на полувремето.

Се чини дека клучниот момент се случи во 57. минута кога Ешли Јанг заработи црвен картон во моменти кога Манчестер Јунајтед доминираше на теренот. Потоа работите се сменија, па Вулверхемптон ја искористи играчката позитива и  дојде до водство.

Победа за Вулверхемптон донесе Крис Смолинг кој си постигна автогол по една мешаница во шеснаесетникот на „ѓаволите“.