Што е тоа пензија? Мекгрегор се враќа во рингот! (ФОТО)

Ирецот Конор Мекгрегор пред повеќе од една недела ги изненади своите фанови, откако реши да се повлече од УФЦ, иако многумина помислија дека сигурно тоа е некаква игра, а на крајот очигледно погодија.

Мекгрегор пред една порача дека пристигнало времето за пензија, но тоа очигледно беше уште една игра на Ирецот, зашто борецот најави дека се враќа во рингот и повторно ги изненади своите поддржувачи.

„Сакам да одам напред, со моите навивачи од сите вери. Сите вери нè предизвикуваат да бидеме најдобрата верзија од себеси. Ова е еден свет и тој е за сите нас. Се гледаме во рингот“, порача Мекгрегор.